Платното што се појави на Центарот за култура покажува дека наскоро Битола ќе биде поторно центарот на филмаџиите – ова е време на интернационалниот филмски фестививал „Браќа Манаки“.
Традицијата – како културен идентитет налага телевизиска анкета. Овојпат градот е на една недела пред свеченото отворање.
Низ слободниот разговор само со едно прашање – дали знаат дека ќе започне фестивалот, се наметнаа и другите прашања.
Некои разбираат преку социјалните мрежи….
Одлуките за начинот на организација, програма, се донесуваат од страна на селекторските тимови и жирија, со конечна одлука на директорот на фестивалот. Затоа е и важна неговата комуникација со граѓаните на Битола, оние обичните кои од ден на ден за време на фестивалот ја носат посетеноста, заинтересираноста и на крај оправданоста на финансиите кои се користат од неколку извори во државата – министерство за култура, агенција за филм, општина , друштвото на филмски работници, претседателот / ката на државата. И пак, за да се одржи традицијата, прашањето чиј е фестивалот.
Некои, гледаат по улицата. Како и да се стигне до информацијата, треба да се следи, да се знае програмата, кој ќе дојде, што ќе се гледа. Некои од старт знаат дека ќе измине цела недела во најнови филмови, други велат – можеби.
На Браќа Манаќи годинава ? – Засега, Можеби , како што рече еден грчки турист во Битола.
Фестивалот е еден од најреномираните во светот на кинематографијата особено што е во малубројните посветени на филмските сниматели, луѓетокои стојат зад камерата наместо пред неа и заедно со режисерите го обликуваат оригиналниот визуелен дел на фотографијата, на филмовите.












