ТЕРА

REKLAMA???

БРОЈКИТЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА БУЏЕТОТ ЗА 2022

Денеска пред советниците Годишниот извештај и Завршната сметка за 2022 година. Повод да им се обрати градоначалникот Коњановски, кој рече дека во време на енергетска и економска криза, кога централната власт покажа целосна незаинтересираност за поддршка на општина Битола, како локална самоуправа, успеале, минатата година, да реализираме рекорден број на проекти во инфраструктурата, да изготват проектна документација за над 65 нови проекти, да ги стабилизираат јавните претпријатија за да може да функционираат, да ги заживееат културата и спортот и да започнат со реализација на проекти кои ќе водат кон ефикасност и ефективност, подобри услуги за граѓаните преку дигитализација и да овозможиме урбанистичко планирање, согласно современите потреби на градот.

„За да го постигнеме ова, а во исто време и редовно да ги регулираме обврските кон економските оператори, од кои дел и ги затекнавме, како наследени обврски од претходното раководство, моравме да го подобриме работењето на општината и во делот на наплатата на данокот на имот, по повеќе основи.  Во вакви услови, за да може, општината да работи на реализација на сите планирани јавни и инфраструктурни проекти, потребна беше ефикасност и ефективност на општинската администрација и придонес на секој од нас во исполнувањето на нашите обврски како граѓани и даночни обврзници, со што и лично, сите ние влијаеме врз развојот на општината, како од аспект на инфраструктура, така и од аспект на реализација на еколошки и други проекти за економски развој.  Ова потврдува дека, со постојана и посветена работа, може да се постигнат резултати и во услови на економска и енергетска криза кога општината е оставена сама на себе“ рече Коњановски.

Наплатата на даноците на имот во 2022 година во однос на 2021 бележи вкупно зголемување за 23.044.021 денари, односно за 13,55 %. Релизацијата на приходите од данок на имот на физички и правни лица во однос на планираните изнесува 100,62%.

Советникот од СДСМ, Борче Корлевски рече дека ништо нема историско во бројките кои власта ги соопштува како остварување во реализацијата.

„Такса за користење или дозволи за вршење на дејност, нешто од што се рани Општина Битола. Планирани беа 36.000.684 денари од основниот буџет за 2022 година. Реализирани се 2 милиони“ рече Корлевски.