Викендов Европската ракометна федерација (ЕХФ) донела одлука за забрана за настап на македонскиот првак Вардар во Лигата на шампиони во сезоната 2022/23.
Неофицијално, таквата причина е образложена со несредената финансиска ситуација, која го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување.
ЕХФ лани му прогледа низ прсти на клубот од СЦ „Јане Сандански“. Офијалната одлука се очекува до крајот на неделата. Не е исклучена можноста на местото на Вардар 1961 во Лигата на шампионите да настапи Еурофарм Пелистер.












