На денешната седница на Советот на Општина Битола кога се утврдуваше дневниот ред, советникот од Левица, Горан Велевски побара да се стави дополнителна точка на дневниот ред, а која се однесува на одлука од претходната седница за процедурата за меѓуопштинското претпријатие.
„Со оглед на целокупната ситуација со која што се соочува нашиот град, главна тема за ткн. депонија во Општина Новаци, каде што сме засегнати и ние како битолчани, покрај коментарите на граѓаните и нивното јавно мислење, треба да го почитуваме како избраници, нивниот сомнеж за ваква регионална депонија или ткн. регионален систем за управување со отпад, барам одлуката која што е изгласана за утврдување на предлогот за меѓуопштинска соработка за формирање на тоа јавно претпријатие за управување со отпад меѓу општините, да се донеси одлука од Советот на Општина Битола, за враќање и повторно гласање, односно поништување на оваа точка“ рече тој.
Неговото барање да се стави оваа дополнитена точка на дневен ред не помина на гласањето.












