ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЛИГДЕНСКИОТ КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ ВО ЧЕСТ НА МИЛАН ЗАВКОВ

Националната установа Ансамблот за народни игри и песни на Македонија Танец“,  и оваа година ја започна концертната сезона со традиционалниот Велигденски концерт. Овојпат, настанот носеше една посебност, а тоа е програмата посветена на музичките партитури од кореографскиот опус на прерано починатиот првенец на „Танец“, Милан Завков .

Програмата на овој концерт во Македонската опера и балет, целосно беше посветена на музиката на Завков, кој ја создаваше за својата матична институција. На репертоарот беа неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот беа изведени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, како „Сербез Донка“, „Кумановка“, „Прилепски игри“, „Битолски игри“, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков. Како специјален гостин настапи и Сузана Спасовска.

„Танец“ е основан пред 74 години како плод на една поширока културно-уметничка активност којашто се разви во земјата по ослободувањето, како резултат на органската потреба на македонската култура за таков вид на делување. Како подвижен музеј на нашето културно богатство, ансамблот неуморно ја шири убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и насекаде низ Европа.