На денешната седница на Совет беше верификуван мандатот на новата советничка Јадранка Павловска која доаѓа на местото на Зоран Ѓоргиев од НСДП кој стана директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Јадранка Павловска родена 1978 година е дипломиран менаџер по биотехника. Вработена е во ЈП Стрежево, каде ги извршува своите професионални обврски како раководител на секторот за експлоатација на системот. Павловска е долгогодишен член на СДСМ Битола каде извршувала голем број на партиски функции,а сега е член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Битола. Моментално има поднесено кандидатура за Претседателка на форумот на жени на ОО СДСМ Битола.
Павловска на денешната седница на Совет даде свечена изјава.












