Дали најголемиот настан од културата што се организира со парите на даночните обврзници и трае една недела во Битола доволно е пристутен во битолската јавност за да може секој да знае кога започнува и што се случува за време на одржувањето. Вчера направивме анкета низ градот од која дојдовме до заклучокот дека битолчани не знаат што фестивал треба да започне.
Битола наскоро ќе биде домаќин на традиционален фестивал. И прашавме битолчани дали знаат што фестивал се одржува кај нас во септември.
Вторник е пазарен ден во Битола, па снимивме пазарџии.
Стара е вистината дека треба најпрвин да се наполни стомакот, а потоа да се размислува за култура, па и да се посетуваат настани. Со уверување дека фокусот на пазарџиите е дел од поширокото разбирање на поимот култура, снимавме по патот до плоштадот Магнолија. Битолчани се луѓе кои веруваат во традиционалните норми, вредности, однесувања. А сакаат и уметност.
Фестивалот секоја година ги носи наградените, најдобрите директори на фотографија модерно наречени кинематографери, актери од Европа и светот, продуценти, луѓе кои знаат да потрошат пари за снимање на филмови, можеби и во градот кога се ангажираат локални статисти. Но, нашата прва соговорничка беше неумолива во својата критика.












