Речиси по повеќе од 30 години, се врати сјајот на некогашниот објект на „Пионерски дом -Трајче Маглоски“, именуван по младиот партизански курир Трајче Маглоски кој загина 1943 година.
Повеќе од 50 години „Пионерски дом“ беше центар за едукативни, спортски и социјални активности на децата, ученците и младите оставајќи траен белег во колективната меморија на генерации битолчани, по што следеше долг период на неактивност…
Речиси нема битолчанец кој со воздишка не посакал негова обнова и функционирање.Историјата на објектот е поврзана со функционирало еврејското училиште „Талмуд Тора“, кое било центар за верско и световно образование на младите Евреи кон крајот на 19 век, за подоцна да биде женско еврејско училиште и место за културни активности на младите Евреи од Битола се до 1943 година…
Природно, новиот концепт да ја носи во себе историската матрица на овој прекрасен објект, внесувајќи ја преку името и програмски содржини кои ќе бидат застапени во „PIONERSKI Book Bar“.
Битола добива богата, атрактивна и пространа книжара, со широк избор на литература и можности за промоции со посебен дел посветен на сведоштвото за еврејското минато на објектот.
Граѓанскиот и бизнис секторот добиваат најмодерни презентациски сали опремени со најсовремена техника.
Уметниците добиваат подиум отворен за промоции и настапи, а децата специјална програма наречена Пионер-Суперхерој, која ќе организира и продуцира програмски содржини посебно за детската возраст.
Вчера ја промовираа првата детска боенка Пионер-Супехерој!
Но, каде што е културата таму е и туризмот. „PIONERSKI Book Bar“ прави серозен исчекор кон збогатување на туристичката понуда, со 11 пространи и модерни соби кои го подигаат стандардот на поимот гостопримство.
И секако, прекрасна тераса и фантастично кафе во длабоките сенки на боровите кои надвиснуваат во дворот…
„PIONERSKI Book Bar“, го започна своето патување кон вашите желби со Гала отворањето на кое настапи групата „Марифет“ и Ламбе Алабаковски,
Ве очекуваат…












