Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во текот на следните дена 16.08. 2025 (сабота) и 17.08. 2025 (недела), поради работни активности околу новата водоводна мрежа на потегот с.Логоварди – с.Поешево (поставување на нови приклучоци) во прекин ќе биди водоснабдувањето за корисниците од овие населени места.
Поради овие активности ќе биди во прекин патниот правец во овие населени места.
Прекинот ќе трае од 08:00 часот до завршувањето на активностите.











