ТЕРА

REKLAMA???

ВИКЕНДОВ 53 ВОЗАЧИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Викендов во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 53 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два Македонски Брод и една санкција Крушево.

За време на контролата биле санкционирани и 63 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од СВР Битола.