За една недела односно од (17-23.02.2025), во Македонија се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 11,3% повеќе во споредба со претходната недела.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е зголемен за 3,7 пати, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, зголемен е за 25,6% . Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.697 лица се на возраст од 15-64 години, 712 кај деца на возраст од 5-14 години, 375 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 251 кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 620, Куманово – 374, Битола – 306, Тетово – 176, Струмица – 174, Кавадарци – 143, Штип – 137, Велес – 130, Гостивар – 126, Дебар – 119, Свети Николе – 108, а во останатите, бројот на заболени е ≤100.
Во текот на оваа недела, во 3 извештајни единици се регистрира многу ниска, во 3 – сезонска, во 10 – средна, во 7 – висока, а во пет (Дебар, Ресен, Кавадарци, Кратово и Свети Николе) – многу висока активност на вирусот на грип.
Битола според бројот на случаи е со висока активност на вирусот на грипот.












