ТЕРА

REKLAMA???

ВЛАДАТА ГИ АНАЛИЗИРА ЦЕНИТЕ, СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВИ МЕРКИ

Податоците на државна статистика дека инфлацијата во мај 2025 година е повисок за 1,5% во однос на претходниот месец ги натера надлежните министерства и владата да размислуваат за нови мерки кои ќе резултираат со намалување на цените во малопродажбата. Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите храна и безалкохолни пијалаци за 4.1 %. Премиерот Христијан Мицкоски од Битола најави решение, за скоро.

Растот на цените се должи на растот на цените на храната, особено берзанските произвоиди во светот како кафето и маслото. Министерството за економија во текот на следната недела ги очекува анализите на Државниот пазарен инспекторат. Тие пак  во текот на минатата недела направиле 341 надзор низ државава и поднеле 112 прекршочни платни налози по сите основи почнувајќи од Законот за заштита од пушење, преку угостителските дејности, до заштита на потрошувачите.

Во изминатиот период од една година, владата во два наврати направи ограничување на цените со регулирање на маржата. Последната мерка траеше од февруари до крајот на април. Притоа со ограничување на маржата до 5% ги регулираше т.н основни производи во Македонија – лебот, млекото, брашното тип 400 и 500, киселото млеко и јоуртот, какцата и маслото. Со маржа од 10% ги ограничи шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, газираните сокови, пивото и виното. Со 15% максимална маржа ги ограничи свежото овошје и зеленчук и некои од основните производи за хигиена како тоалетна хартија, сапуните и прашакот за перење и др.

Со 1,5 процентно зголемување на инфлацијата, владата размислува за трајни мерки кои ќе ги контролираат трговците и дистрибутерите на производите доколку цените енормно бидат зголемени, зборуваше кон крајот на месецот и министерот за економија Дурмиши, а денеска и заменикот министер Марјан Ристески. Мерки треба да се воведат иако дел од експертите сметаат дека мерка со ограничување на маржи нема ефект.  Еден од начините е со замрзнување на цените, но според Славески, никаде во светот нема регулирање на малопродажни цени како што секаде во светот има регулирани цени на нафтата и телекомуникациските услуги.