Тера дознава дека директорот на Националната Установа Камерен оркестар Битола е разрешен од функцијата којашто ја извршува неколку години.
Димовски беше директор, истовремено и диригент на оркестарот за чие возобновување и афирмирање директно учествуваше.
За потврда на информациите до кои стигнавме побаравме информации од Министерството за култура, надлежно за разрешување и именување на раководителите односно управителите на националните установи.












