ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: ЖИТЕЛИТЕ НА ТРНОВО СЕ ЖРТВИ НА НЕГЛАСАЊЕТО НА СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА

Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Петковски на прес конференција од Трново зборуваше за седумте проекти во висина од 1 милион евра одобрени од Европската инвестициона банка за Општина Битола, а за што ги обвини советниците од СДСМ, Поинаку и Левица дека не дале поддршка, заради што вели дека жителите од ова село се жртви на негласањето на СДСМ.,Поинаку и Левица.

„Се наоѓаме во с.Трново на патот за националниот парк Пелистер каде што требаше да отпочне реконструкцијата на канализационата мрежа и за кој е склучен договор за промена на коловозот но проектот не доби поддршка од советниците на СДСМ, Поинаку и Левица.

Исто така и следните 6 проекти не ја добија поддршката од СДСМ, Поинаку и Левица.

1.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Гаврило Принцип

2.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Паца Ванчова

3.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул.Влатко Миленковски

4.Реконструкција на водовод и канализација на ул. 7-ма Бригада

5.Изградба на водноснабдителен систем за с. Лисолај, ІІ фаза,

6.Изградба на водоводна мрежа на Булеварот 1-ви Мај

Ваквото одбивање и деструктивно однесување се случува по втор пат за проекти финансирани од ЕУ. Јавно ги прашуваме СДСМ дали со ваквото одбивање  се против проекти финансирани од ЕУ и дали можеби СДСМ со ваквото однесување се приклонуваат кон Русија или омилената дестинација на Венко Филипче, Дубаи.

1 милион евра од кој требаше аир да видат граѓаните – ќе пропаднат од лоша политика,  кратковидост и неспособност да се оддвои важното од неважното – СДСМ, Поинаку и Левица граѓаните не ве бираа за да гласате против нив и нивните интереси – немате право да ги жртвувате еден милион евра – немате право да ги жртвувате граѓаните“ вели советникот Петковски.