ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ ЗАПОЧНУВА СО АКЦИЈАТА „ЗАЕДНО СО НАРОДОТ“

ВМРО ДПМНЕ соопшти дека од денеска почнува со акцијата „Заедно со народот”, општинските комитети, градоначалниците, пратениците, месните комитети и членови на Извршниот комитет ќе бидат дел од многуте тимови на партијата низ целата земја, кои ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија, рече на прес конференција генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

„Во првата фаза која ќе трае до 30 април тимовите на партијата ќе се сретнат со секој ажуриран член на ВМРО-ДПМНЕ. Во втората фаза на акцијата тимовите ќе направат посета и средба со секој наш подржувач и опозициски расположен гласач, а потоа и со голем број на граѓани кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец.

Од посетите и средбите со граѓаните сакаме да го слушнеме мислењето на граѓаните, дел од нивните идеи и размислувања да ги вградиме во идните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи во предвид дека власта со своите постапки ги руинира институциите на државата за свои лични потреби, тие крадат, трошат без контрола, а народот осиромашува и чека момент да ја напушти државата. Ние мора заедно да се спротиставиме. Она што треба да биде услуги на институциите кон граѓаните често се под знак прашалник, граѓаните често не можат да ги добијат основните потреби.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ свесни сме дека ова власт требаше да биде сменета вчера, но повикуваме да ни се приклучите денес за да може заедно да ја промени болната реалност и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените неопходни се граѓаните“ рече меѓу другото Сајкоски.