ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: НА КОГО ДА МУ ВЕРУВААТ ГРАЃАНИТЕ, НА ИЛИЕВСКИ ИЛИ НИКОЛОВСКИ?

Битолската ВМРО ДПМНЕ зачудена или изненадена или жаргoнски кажано им дојде како ќец на десетка од како што велат разногласието во битолската СДСМ, каде доскорешниот координатор на СДСМ, а сега потпретседател на партијата Илиевски вели дека општина Битола е финансиски стабилна, а неговиот наследник, односно од скоро шеф на советничката група Николовски кој го зборувал спротивното.

„Внатрепартиски прво да се договорат па потоа да излегуваат на прес конференции. Пред два дена потпретседателот на СДСМ и советник во општина Битола, Методија Илиевски во интервју за интернет портал кажува дека општина Битола е финансиски стабилна за потоа советникот Петар Николовски да зборува спротивно од тврдењата на Илиевски. На кого да му веруваат граѓаните на Илиевски или Николовски?“ стои во партиската реакција.

За партијата чуден е и ставот на Илиевски на прашањето: “На крајот, што за СДСМ ќе се смета како успех на следните локални избори?”  и одговорот е следен: “Подобар резултат од претходните избори секако дека може да се смета за успех”.

Оттука ќе заклучат од владеачката партија дека во одговорот на Методија Илиевски јасно се гледало дека на следните избори СДСМ повторно ќе доживела катастрофален пораз.

Од партијата велат дека вистината е дека општина Битола е финансиски стабилна и реализира рекорден број на инфраструктурни проекти.

„Факт на отворена комуникација на општина Битола со граѓаните преку отворени форумски сесии и јавни анкети е резулатат на тоа што општина Битола е лидер во транспарентоста во Република Македонија. Ваквиот пристап на отвореност и комуникација со граѓаните ќе продолжи и во иднина бидејќи мислењата на граѓаните се во фокусот на локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните кога ќе дојде време соодветно ќе ги ценат сите проекти кои ги реализира општина Битола“ стои во соопштението.

На крај додаваат дека паниката која ја има зафатено СДСМ во Битола е очигледна бидејќи покрај со средства од општинскиот буџет како никогаш досега има финансиска поддршка и од владата на ВМРО ДПМНЕ која е повеќе милиони евра со кои се финансираат капитални проекти.