Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола синоќа прогласи победа на локалните избори 2025 година, како за градоначалник така и за листата на советници. Досегашниот градоначалник Тони Коњановски победи во првиот круг, односно обезбеди втор градоначалнички мандат за што им се заблагодари на битолчани.
„Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани, на моите соседи и пријатели и на сите поддржувачи, затоа што ова е победа на Битола и на битолчани. Континуитет во работењето и јас благодарам што го препознаа патот по кој еве изминатите 4 години заедно со нив, со Битола и со битолчани, го трасиравме и го газевме ова е голема чест, но и уште поголема одговорност за се она што го поминавме овие 4 години. Зад мене се млади и тоа покажува дека Битола има иднина. Битола е град на младоста и така ќе продолжиме и понатаму.“-изјави синоќа кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски.
Според податоците од ДИК во Битола за Коњановски гласале 50,52% односно 18.813 избирачи. По вчерашното гласање ВМРО ДПМНЕ ќе го има мнозинството во Советот на општина Битола.
„Ја имаме и поддршката за Советот, 36.310 граѓани гласале од кои ВМРО ДПМНЕ има 15.653 гласа. Ова се неофицијални податоци, но дефинитивно мнозинството во Советот го има ВМРО ДПМНЕ.“-рече Коњановски.
Благодарност упати и до политичките опоненти.
„Би сакал да им се заблагодарам и на моите политички опоненти за воглавно фер и демократскиот процес во изминатите 20 тина дена и секако да ги поканам, сите нивни идеи се добредојдени. Канцеларијата на градоначалникот е секогаш отворена.“-порача Коњановски.
Изборнот ден во Битола, Коњановски го оцени како мирен и демократски, во достинствена атмосфера каква што доликува на Битола и битолчани.
ВМРО ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО БИТОЛА, КОЊАНОВСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ












