Според информациите од ДИК од 90 проценти обработени избирачки места, за кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски гласале 16.309 гласачи или 51,12%.
Според бројот на гласови на второ место е Габриела Илиевска од Поинаку со освоени 6.836 гласови, а на трето место Методија Куновски од СДСМ со 5.196.
„Битола победи. Победи постојаноста, посветеноста и потврденото сојузништво со граѓаните“ велат од ВМРО ДПМНЕ.
Претседателот на партијата Христијан Мицкоски во неговото обраќање кажа дека во првот круг и во Битола ВМРО ДПМНЕ избра градоначалник.
За советничката листа на ВМРО ДПМНЕ гласале 14.200 гласачи, според пристигнати податоци од 90 проценти од избирачките места. Од партијата велат дека обезбедиле мнозинство во идниот Совет на Општина Битола со освоени 16 советнички мандати.











