Битолската ВМРО ДПМНЕ преку сооштение реагираше за како што велат однесувањето на СДСМ, која не ја поддржа завршната сметка на Општината, а која беше изгласана.
„СДС на денешната седница за завршната сметка без аргументи. За завршната сметка од СДС советниците немаа интерес.
Бројките и реализираните проекти на страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.
Соочени со овие факти и капиталните инвестици кои се случуваат во Битола и со силната поддршка на Владата, СДС останува длабока и збунета опозиција.
Реализацијата е одлични 81,73%, а општинскиот буџет е во добра кондиција со 5 милиони евра.
Продолжувме посветено да работиме и реализираме проекти во интерес на сите граѓани“ стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.