СДСМ продолжува единствено само онака како што знае – да не ги почитува законите и да манифестира сила и агресија. Ние нај одговорно им порачуваме дека за тоа ќе одговараат и тоа многу брзо!!!, рече советничката од ВМРО ДПМНЕ Анета Ѓорѓиевска.
„Иако ВМРО ДПМНЕ јавно побара од страна на директорката на градинката Естреја Овадија Мара, Лидија Твирст Митревска да одговори на прашањата околу исполнување на законските услови за нејзин реизбор, денес кршејќи ги сите законски прописи се продолжува со одржување седница на Управниот одбор.
Денес почитувани битолчани, СДСМ и Министерката Тренчевска преку Управниот одбор на градинката сакат да ја иминуваат старо- новата директорка Лидија Твирст Митревска, спротивно на барањата на дел од членовите на Управниот одбор за доставување на дополнителни документи за валидност на сетрификатот по англиски јазик.
Спротивно на законската рамка за тридневно претходно закажување на Седниците на Управниот одбор и претходно доставени материјали , дел од членовите на Управниот одбор подлегнаа на пристисоците на високите партиски функционери на СДСМ и продолжуваат да ги кршат законите на Р.Македонија.
Во оваа прилика сакаме да им укажеме на членовите на Управниот одбор , особено на претседателот дека за незаконско работење следува кривична пријава и целиот процес за именување на директор во градинката Естреја Овадија Мара ќе подлежи на ревизија согласно барањата на дел од членовите на Управниот одбор“, рече Ѓорѓиевска.












