ТЕРА

REKLAMA???

Внук ја нападнал својата 79 годишна баба во Битола, полицијата го приведе

Во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Битола, вчера во 19 часот, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 28 годишен битолчанец поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди.

Повредената жена со екипа на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница.

„Во координација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ“, соопштија од Битолската полиција.