ТЕРА

REKLAMA???

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА

Координаторите на советничките групи на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски и на СДСМ, Петар Николовски ни кажаа дека биле информирани од претседателката на Советот, Габриела Илиевска за закажување вонредна седница на Советот на Општина Битола за понеделник 10 март во 13:00 часот.

На седницата ќе присуствува и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Свикувањето на оваа седница е за темата околу регионалната депонија.

Како што веќе информиравме, на последната седница на Советот на Општина Битола која се одржа на 28 февруари, се гласаше за одлуките за воспоставување на меѓуопштинска соработка и за формирање на заедничка комисија за основање на заедничко Јавно претпријатие за регионално управување со отпад меѓу општините Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.

Исто така се гласаше и предлог заклучокот да се задолжи Комисијата за животна средина во рок од 15 дена да се закаже јавна расправа на која советниците ќе добиат подетални информации во врска со регионаната депонија.

И одлуките и предлог заклучокот беа изгласани едногласно.

Оваа седница предизвика реакции како кај дел од јавноста така и меѓу политичките партии.

Координаторот на СДСМ, Николовски рече дека подолго време се зборува за оваа депонија за која вели дека треба да ја има, а дали ќе биде во Новаци или друго место смета дека се уште е рано да се зборува.

„Имаме само одлука за формирање на меѓуопштинска соработка помеѓу 18-те општини од овој регион, така што ние како СДСМ ќе поддржиме да се фодмира едно такво меѓуопштинско препријатие“ рече тогаш советникот и координатор на СДСМ Николовски.

Но, вели за нивниот став каков ќе биде прво сакаат да го видат проектот од аспект на животата средина.

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски на оваа седница рече дека тој проект не е од вчера, па ги упати на интернет да ги побарааат материјалите.

„Ова е стар проект кој што беше отпочнат уште во 2014-2015 година, веќе десет години. Тогаш беше финансиран од страна на Европската унија со цел изградба на регионални депонии во сите региони, меѓутоа со намалувањето на бројот на жителите сега се прави една регионализација, односно се спојуваат два региони со оглед на бројот на жители кои што живеаат и количината на отпад која што ја одлагаат. Проектот претходно неколку пати беше јавно презентиран, не само во Општина Битола, туку во сите општини каде што беше предвидено да се прават и дел од претоварните станици. Исто така беше објавен и елаборатот за заштитата на животната средина и тие документи доколку се пребараат на дел од општинските официјални веб страници можат да се најдат дел од документите. Уште во 2015-2016 година Општина Битола имаше свои претставници кои што беа делегирани од страна на јавното претпријатие Комуналец и од Општина Битола, каде што учествуваме во тој дел каде што се правеше комплетната техничка документација“ вели Бојкоски.