ТЕРА

REKLAMA???

ВО АКЦИСКА КОНТРОЛА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ЗАТЕКНАТИ МАЛОЛЕТНИЦИ

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во рамки на планираните активности на 13.04. во 00.30 часот извршија акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола кои што се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица, соопшти МВР.

Притоа во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект лоциран на булеварот „1-ви Мај“ биле затекнати уште четири деца, при што сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.