Утрово најстудено со 3 степени беше на Попова Шапка, 4 Берово, Лазарополе, 5 Крива Паланка, 6 Маврови Анови, Крушево, 8 Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Кавадарци, Велес, 10 Тетово, Охрид, Битола, 11 Гевгелија.
7 л/м2 дожд наврнаа во Куманово, 6 Крива Паланка, 3 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор.
Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево со мала, во западните делови со умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните и северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во југозападните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец (над 60 км/час).
Максималната температура ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Битола до 18 степени.












