ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ДЕНЕСКА ДО 38 СТЕПЕНИ

Времето денеска сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. Во Битола до 38 степени.

УВ индексот 9.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе се задржи под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.

Утре кон крајот на денот долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови.