Денешните максимални температури беа 22 степени на Попова Шапка, 25 Лазарополе, 27 Крушево, 28 Маврови Анови, 29 Берово, Крива Паланка, 30 Охрид, 31 Претор, 33 Скопје – За. Рид, Прилеп, Штип, Тетово, Виница, 34 Битола, 35 Струмица, 36 Демир Капија, 38 Гевгелија.
Претпладне беше сончево, а од пладневните часови на североистокот започна да се зголемува облачноста. Нестабилноста со грмежи започна во кумановско и скопско, а потоа се премести во внатрешноста на земјата. Дуваше умерен до засилен претежно северен ветер.
До крајот на денот ќе има повремена нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи особено во западните и крајните источни делови. Нестабилноста во првиот дел од ноќта ќе престане. Ветерот ќе стивне.
Утре сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Битола утре до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде утре и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето.












