ТЕРА

REKLAMA???

Во Битола сончево со температура до 6 степени

Времето денеска во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 6 степени.
Во следните неколку дена според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе преовладува претежно сончево време, со мала до умерена облачност и релативно стабилни метеоролошки услови.
Температурите во следните денови ќе бележат постепен пораст.
Постепена промена на времето метеоролозите прогнозираат за време на викендот, 17 и 18 јануари кога територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток.