ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ЌЕ ГЛАСААТ 141 БОЛНO И НЕМОЌНО ЛИЦЕ

ОИК ги реализира подготовките за спроведување на изборниот процес за посебните категории граѓани. Во Битола засега 141 лице ќе гласаат во своите домови.

Од 77.253 гласачи во општина Битола,  141 лице ќе гласаат во своите домови затоа што спаѓаат во категоријата болни и немоќни лица.

Според роковникот на Државната Изборна Комисија – ДИК, на 10 октовмри заврши рокот за нивно пријавување во општински изборни комисии. Според Изборниот законик, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање. –  а тоа беше 10 октомври на полноќ.

Овој орган во Битола на 11 октомври информираше дека до нив стигнале 151 барање за гласање во сопствените домови.  За сите се дискутирало на седницата на ОИК и било одлучено да бидат прифатени 141 барање.  Имено, за да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација. Лицата кои се одбиени по разни основи го имаат правото да испратат приговор до Државната Изборна Комисија, којашто има рок од 48 часа да одговори по овие приговори. Доколку се усвојат, ОИК ќе го организира гласањето во домот и на тие лица. Според информацијата на ОИК, најголем број од овие лица се корисници на услуги на старските домови во градот.

Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат во сабота на 18 октомври, еден ден пред денот определен за гласање на изборите. Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор со тоа што сите членови на ИО со гласачката кутија стигнуваат во домот на овие гласачи, се грижат за заштита на тајноста на процесот на заокружување на гласачкото ливче и, овозможуваат тоа да биде внесено во кутијата. Следниот ден истата кутија се користи во избирачкото место соодветно на организираната карта на изборни одбори во изборните единици во државава.