ТЕРА

REKLAMA???

ВО ИСТАНБУЛ НА СРЕДБА СО ГЕНЕРАЛНИОТ КОНЗУЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТУРЦИЈА

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска во Истанбул оствари средба со Идрис Фазлиоски, генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Република Македонија во Република Турција.

„На средбата бев запознат со работата на конзулатот, кој е со седиште во Истанбул. Исто така разговараме за можностите за идна соработка на полето на културата, спортот и стопанството.

Соработката со Република Турција е заснована на реалните потреби на сите граѓани и има тенденција на поголемо вмрежување меѓу граѓаните, компаниите и институциите.

Република Македонија и Турција, соработуваат во многу сектори, текстилот, прехранбената и металната индустрија, туризмот. Република Турција има многу голема понуда и огромни стопански можности“ вели Коњановски.

Во делегацијата е и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски.