ТЕРА

REKLAMA???

ВО ИСТАНБУЛ ПОЧНАА РАЗГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА

Во Истанбул почна првиот состанок помеѓу САД, Украина и Турција, изјави неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави  дека не очекува пробив во преговорите во Истанбул меѓу Украина и Русија, кои испратија делегации.

„Сакам да бидам искрен. Немаме големи очекувања за тоа што ќе се случи утре“, изјави Рубио пред новинарите по разговорите на НАТО во Анталија.

Украинската делегација ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја напушти Турција и отпатува за Албанија, каде што ќе учествува на самитот на Европската политичка заедница, кој се одржува на 16 мај.

Во Турција не се ниту рускиот претседател Владимир Путин, ниту неговиот американски колега Доналд Трамп.