ТЕРА

REKLAMA???

ВО МОГИЛА СЕ ГРАДИ ВОДОВОД ДОЛГ 24 КИЛОМЕТРИ,СРПЦИ И БЕРАНЦИ ПОВРЗАНИ СО НОВ АСФАЛТЕН ПАТ

Проектите кои се реализираат во општина Могила се помногубројни, а изборниот процес не ги запира ниту за момент. Градоначалникот Драганчо Саботковски и покрај изборниот процес, врши увид во работите.

„Се наоѓаме на излезот од Српци на крајот од трасата Српци-Беранци. Моментално се работи главниот пат во село Српци, она што го имаа потреба жителите. Приоритетот беше да се доасфалтира остатокот кадешто сите транзитираат сите возила, сите жители. Буквално сме на крајот на градежните активности и за многу скоро очекуваме асфалтирање на улицата. “
Во двете села се работи паралелно, од едната страна се асфалтираат 740 метри и 660 метри во вредност од 7 милиони и 300 илјади денари односно 6 милиони денари. И реконструкцијата и асфалтирањето е резултат на добрата соработка што Саботковски ја има со централната власт.
„Во самите села беше доста оштетен патот кој ги поврзува истите села, во моментов токму во двете села се работи , и во Беранци и во Српци, во Беранци е веќе асфалтирано, таа делница е веќе готова, со соодветни пропусти, банкина и асфалт, нов асфалт, тука веќе го користиме тој асфалт од пред неколку дена во моментов истата таа траса е таа која го поврзува Српцим, се работи и мислам дека за многу скоро баш таа делница која беше најголем проблем во средбите со жителите од Српци и Беранци беше сугерирано дека треба да се реконструира . Токму тоа и го правиме. Овие се средства од Унгарскиот кредит кој беше помогнат директно од владата и дел ко-финансирање , општински средства. Уште еднаш доказ дека соработката помеѓу централната и локалната власт е многу важна за развојот на општина Могила и за селата кои гравитираат во неа. “

Низ бројни, секојдневни средби со жителите Саботковски се информира за проблемите со кои се соочуваат и заедники ги решава, чекор по чекор.

„Во секојдневието , нормално, во руралните општини сеуште се бориме со чиста вода за пиењем, асфалтирани улици и редовна електрична енергија, па подоцна работиме и на другите активности. Еве морам да го напоменам водоводот кој моментално се гради. Токму тие проблеми кои ги имаат Српци, Беранци и остатокот на селата, Трновци, Ивањевци, Свето Тодори, Подино, Лознани, Новоселани, во моментов градиме водовод долг 24 километри, 2000 жители ќе бидат опслужени со чиста вода за пиење, тоа е вредност околу 1 милион евра. Исто така делот од унгарските креедити во првата фаза го искористивме за изградба на водовод. Значи буквално работиме на основните потреби кои ги имаат жителите во сите население места, па подоцна работиме на паркови, повеќенаменски игралишта, реконструкции на училиштата , на тоа е ставен фокусот во иднина. Имаме исто и најава јавна набавка за реконструкција на дел од фасадите во едел од училиштата, подобрување на училиштата, така што работиме на секој сегмент општо за функционирањето на општина Могила, буквално се трудиме да ги опфатиме сите сегменти. “

Многу работи треба да се направат во општината со 23 населени места вели Саботковски, градоначалничката функција го бара тоа.

„Лесна работа скоро нема, но предизвикот кој го имавме на стартот, ајде да не речам пред 4 години , успешно го менаџираме. Ние бевме една општина со 30 милиони денари долг. Еве сега имаме активно проекти, сериозни проекти кои го менуваат ликот на општина Могила. Тешко е, буквално, но се трудиме и предизвиците ги решаваме заедно со жителите на општина Могила и заедно со жителите на општина Могила и заедно со централната власт. “

Драганчо Саботковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за повторен мандат во општина Могила.