ТЕРА

REKLAMA???

TТК БАНКА БИТОЛА – ЕДУКАТИВНО ЗА ДЕНОТ НА ШТЕДЕЊЕТО

31 октомври е светски Ден на штедење. Традиционално, веке 15 години Тетекс Кредитна Банка АД Скопје – Филијала Битола најмладите ги учи за важоста на штедењето . Денеска во оваа банка снимивме второодделенци од осовното училиште Коле Канински.

„Парите што ќе ги донесете, ќе ви се зголемат и сите ќе може да си ги купите работите то ги сакате.“ Вака денеска на група ученици од ООУ „Кoле Канински“ им зборуваше директорката на битолската филијала на Тетекс Кредитна Банка, Јасмина Диневска.  Таа објасна дека се одбелжува 31 октомврик, денот на штедењето. Претходно ги посетиле корисниците на услугите од градинката „Пролет“, а потоа и со поголеми деца кои треба да научат што е штедење и да ја пренесат информацијата.

Учењето за штедење не е само учење за пари туку учење на вредноста на парите, а тоа е најважната лекција во светот на финансиите. Финансиската писменост се гради од најмала возрањст, а оваа мисија банката ја реализира секоја година на денешен ден.

„Нашата банка како општествено-одговорна организација посветува внимание и на финансиската писменост кон  нашите идни генерации , за иднината да се гради на здрави основи. Ова го практикуваме во ТТК банка повеќе од 15 години На овој ден секогаш го славиме со нашите најмали и највредни.“

31 октомври е светски ден на штедењето како навика и за значењето на важноста на штедењето како манифестирана финансиска мудрост којашто истовремено има и психолошки и социјални ефекти – се учи одговорност, се учи трпение, се учи планирање на остварување на желбите . И важно е за сите:

Малолетни лица со законски застапник може да се определат за денарско или девизно штедење, според различни краткорочни и долгорочни рокови. Банката пак, согласно македонските и европските одлуки за каматни стапки, така овозможува зголемување на тој депозит.

Учениците добија книшка , се запознаа со работата на секој од различните сектори – кредити, тековни сметки, приватни- физички лица, добија касички за да си одвојуваат секојдневно пари кои би ги однеле на својата штедна сметка, добија балони и школку прибор.

 

 

Повеќе за одбележувањето во прилогот подолу, што ве носи до YouTube.