Иако статистичките податоци к ако на светско така и на државно ниво се поразителни, кога е во прашање бројката на новооткриени деца со аутизам сепак она што се прави за нив е недоволно, ваканајчесто реагираат родителите, но и стручните лица психолози, педагози, дефектолизи и сите оние кои се вклучени во работата со овие деца.
Ирена Николовска Ристановска по професија е психолог, а воедно е и родител на дете со аутизам. На нејзина иницијатива пред неколку години е формирано Здружението „РИЛУКА“ кое работи токму на оваа проблематика. Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу битни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност. Родителите на овие деца имаат заедничка желба , а тоа е создавање на соодветни услови за социјализација на овие деца и нивно полесно вклопување во животот и предизвиците кои им ги носи тој. Оваа година Светскиот ден на свесноста за аутизмот ке го одбележат на скромен начин во просториите на здружението. Светски ден на свесноста за аутизмот се одбележува секоја година на 2 април, почнувајќи од 2008 г. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН,усвоен на 18 декември 2007 г. по предлог на Катар и поддржан од сите земји-членки.












