На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 50 годишно лице од Скопје, удрило во 74 годишен пешак од с.Беровци, прилепско.
Во информацијата од СВР Битола се вели дека од здобиените повреди на местото починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.












