ТЕРА

REKLAMA???

ВО ТЕК Е ПРВАТА РАСПРЕДЕЛБА КОН ДОВЕРИТЕЛИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ВЕЛАТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ОШТЕТЕНИ ШТЕДАЧИ

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска информираше дека после речиси две години, стечајната постапка на Еуростандард банка дојде до првата авансна распределба кон доверителите физички и правни лица. Во стечајната маса се собраа вкупно 50 милиони евра, кои се во постапка на исплата. Судскиот процес, почнувајќи од одлуката на Уставниот суд за укинување на приоритетното место за наплата на Фондот за осигурување на депозити, преку постапките што се водеа во Основниот и Апелациониот суд Скопје, резултатираа со крајна одлука да поголем дел од физичките лица доверители, оние чии депозити биле осигурани согласно закон, бидат обештетени во целост преку сегашната прва аванска распеделба од стечајната маса. Додека еден дел од физичките лица и сите правни лица доверители во банката се обештетија делумно, околу една третина од нивните депозити или преку бројки, нешто повеќе од 500 физички лица ги добиjа назад своите заробени депозити во целост, додека останатите, повеќе од 100 физички лица и околу 2.000 правни лица, заедно со Фондот за осигурување на депозити како најголем доверител, останаа и понатаму да ги побаруваат своите депозити во стечајната постапка на Еуростандард банка.

Оттаму коментираат дека состојбата во стечајната постапка на Еуростандард банка е далеку од добра. Официјалниот извештај за банката на денот на нејзиното затворање во август 2020 година вели дека во банката имало кредити во износ од 99 милиони евра, од кои околу 58 милиони евра ненаплатливи и тешко наплатливи кредити додека останатите 41 милиони евра биле редовни кредити. Во банката имало и околу 25 милиони евра во парични средства за резервации за лоши пласмани, кои заедно со наплатените дополнителни 25 милиони евра, најмногу од кредити кои можеле да се наплатат во текот на минатите две години, ја сочинуваат првата авансна распределба од 50 милиони евра. Реалната состојба е таква да понатамошните приливи во стечајната маса се многу мали, а тоа ја прави понатамошната наплата многу неизвесна и крајно дискутабилна за сите оние кои останаа доверители во стечајната постапка на банката.

Според нив остануваат ненаплатени речиси 60 отсто од кредитното портфолио на Еуростандард банка.

Тие очекуваат како што велат вистината за банката и правдата за оштетените депоненти да бидат наскоро обзнаени и во постапката која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто има започнато истрага за Еуростандард банка уште во февруари минатата година. Сметаат дека разрешување на овој случај ќе испрати јасна порака до сите останати банки и други финансиски институции како не треба да се работи и управува со банка. Тоа, впрочем, е од голем јавен и општествен интерес.