ТЕРА

REKLAMA???

ВРАТЕН Е ВО ФУНКЦИЈА СИСТЕМОТ “МОЕ ОСИГУРУВАЊЕ”

Фондот за здравствено осигурување известува дека системот “Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.

До овој момент “Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум (20 февруари 2023).

Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во ,,Мој Термин”. 
Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин.

Од Фондот велат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации.

„Очекуваме во текот на денешниот ден враќање и на останатите системи“ стои во информацијата од Фондот.