ТЕРА

REKLAMA???

ВТОР ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

Вечерва во Битола пред зградата на општината се одржа втор протест против изградба на регионална депонија кај Битола.

Во обраќањето до присутните меѓу другото беше кажано дека тие не се против изградба на депонија, односно систем за управување со отпадот, туку бараат тоа да се направи надвор од населено место и надвор од плодно земјиште.

На една од претходните седници на Советот на Општина Битола беше изгласан заклучок да се побара од Владата измена на локацијата за регионалната депонија, односно на системот за управување со отпад.