ТЕРА

REKLAMA???

ВЧЕРА ЗЕМЈОТРЕС КАЈ ГЕВГЕЛИЈА

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера регистрираше земјотрес 123 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Земјотресот се случи во 8 часот и 50 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.1 степен и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината.