Вчера попладне Битола беше зафатена од силно невреме, во доцните попладневни, а потоа и во вечерните часови.

Нешто пред 21 часот ветер, силен дожд, многу електрични празнења, кои предизвикаа и краткотраен прекин на електричната енергија во дел од центарот на градот.

Силниот дожд предизвика и поплавување на улици. Снимките се направени во центарот на Битола кај стара болница, каде вода се насобра на тамошната крстосница. И ова не е прв пат, со години нанзад при обилни врнежи имаме поплавена улица.
Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м 2 ) и значителен
пад на температурата. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.












