ТЕРА

REKLAMA???

В ПЕТОК ЌЕ СЕ НОСИ ОДЛУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ

В петок Советот на Општина Битола ќе одржи вонредна седница на која ќе се носи одлука за финансиска помош на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, соопшти претседателката на Советот, Габриела Илиевска, а градоначалникот Тони Коњановски вели дека до петок ќе биде утврдена висината на сумата за помош на семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот.

Македонија тагува, тагуваме и сочувствуваме сите на свој начин, за една од најголемите трагедии од нашето постоење, вели градоначаникот Коњановски.

„Поради тоа, заедно со претседателката на Советот на општина Битола и со координаторите на советничките групи во Советот, до петок, за кога што е закажана вонредната седница на Советот на општина Битола, ќе ја утврдиме сумата за соодветната финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот.

Битола сочувствува со болката и тагата на семејствата на настраданите во Кочани, а битолчани секогаш, во најтешките мигови, знаат да ја покажат својата човечност на дело“ стои во објавата на градоначалникот.

„Битола секогаш била солидарна“ вели претседателката на Советот, Грабриела Илиевска.

„Сметам дека како град и како битолчани, сега како никогаш досега треба да оставиме сѐ настрана, сочувствувајќи ја тагата и болката да им помогнеме на повредените и на семејствата на починатите од Кочани.

Заради тоа во петок Советот ќе одржи вонредна седница на која ќе предложам да се донесе одлука за финансиска помош на семејствата на починатите и повредените.

Исто така апелирам до сите кои се во можност да донираат онолку колку што можат“  стои во објавата на Илиевска.