В среда со почеток во 20:00 часот во дворот на Општина Новаци, актуелниот градоначалник Стевче Стевановски ќе ја одржи промоцијата на неговата кандидатура за градоначалник на Новаци, откако партијата го номинираше да биде кандидат за втор градоначалнички мандат.
„Заедно ги започнавме промените, заедно ги градиме успесите и заедно ќе продолжиме напред со работа, со проекти и со силна визија за Новаци какво што го заслужуваме сите ние. Ова не е само моја кандидатура, ова е кандидатура на ВМРО-ДПМНЕ за сите вас кои верувате дека со чесна и посветена работа, нашата општина може уште повеќе да напредува. Ве очекувам да бидете дел од овој важен момент, да испратиме порака дека Новаци продолжува со победнички чекори напред“ стои во неговата објава.












