Самостојниот синдикат за здравство при ССМ донесе одлука в среда да се одржи протест од 10:00 до 10.30 во сите јавни здравствени установи во Македонија и бараат средба со Премиерот и покачување на платите на сите вработени во здравството и исплакаќање на регрес за годишен одмор.
„До овој момент се уште немаме утврден датум за потпишување на покачувањето за колективниот договор за здравствена дејност и затоа донесовме одлука во среда да се одржи протест пред сите болкници и здравствени домови“ изјави д-р Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.












