ТЕРА

REKLAMA???

“ГЛЕДНА ТОЧКА“-НОВА КНИГА НА ЈАНИ БОЈАЏИ

Излезе од печат книгата на режисерот Јани Бојаџи со наслов:Гледна точка.

„Ете, и книгата дојде на ред. Долго време се мислев што ми треба ова работа, ама, нема како поинаку, работите треба да се запишат и да се објават, за да се паметат“, вели Бојаџи.

„Гледна точка“ во суштина е научен труд, статии за филмот и уметноста на режијата објавени во научни списанија во странство и еден дел е неговата докторска дисертација.

„Но, да не ве плашам, посветив цела една година за книгата да може да се чита како белетристика. Секако, целосно посветена на инструментите и средствата за работа на режисерот во уметноста на филмот, како што е и нејзиниот поднаслов. Благодарам на сите што две години трпеливо ме туркаа кон издавање на книга која се обидува да го објасни и демистифицира она што се нарекува уметност на раскажување приказни што се движат“.

Во книгата се поставува прашањето: Што работи режисерот?, а секој филм почнува да се снима во моментот кога некој ќе рече: „имам идеја“, додава Бојаџи.

Во „Гледна точка“, тој сценариото и сценаристот ги определува како првото, основното средство за работа на режисерот во уметноста на филмот.

„Пишувајте драги мои, и имајте на ум дека кога ми раскажувате идеи за филм, во истиот момент во светот се пишуваат и објавуваат во просек околу еден милион синопсиси на ден. Едвај под илјада ќе завршат во форма на сценарија, а нешто повеќе од петстотини ќе бидат реализирани како играни филмови. Тоа е. Ова е макотрпна и исцрпувачка битка, најчесто со своите најблиски соработници а на крајот и со самиот себе си. Но, пишувајте! И внимавајте кому ги раскажувате вашите идеи, затоа што идеите немаат господар и не можат да се заштитат. Немојте утре да се чудите ако некоја идеа која сте ми ја раскажале и пратиле, си ја видите на филм! Јас ви кажав. Оттука вие берете гајле“.