ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМОТО ОТВОРАЊЕ НА ПРОДАЖНИОТ САЛОН НА COMODITA HOME ВО ПРИЛЕП

Нова локација на продажниот салон на Комодита во Прилеп, на Бул. Гоце Делчев бр 3, на местото на поранешната експозитура на НЛБ банка.

„Comodita home“ и овојпат своето прославување го посвети на граѓаните. Со попусти до -75% на целиот асортиман на производи.

Изненадувањата не завршуваат тука. Во следните неколку дена, како на денот на отворање ќе има изненадувања и подароци за купувачите – 30 ваучери во вредност од 1000 за најбрзите купувачи.

И не само тоа. Во исто време започна и големата продажна кампања Black Friday во Comodita Home. Е ова е понуда со неодливи попусти на производите. Присутните на денешното отворање зборуваа дека сега е вистинското време да се наполне домот со естетски високо вреднувани производи.

Затоа што, Без разлика како сте го уредиле домот и каков животен ритам водите, ако удобноста е ваш приоритет – тогаш „Comodita home“ е вистинската дестинација за вас.

Овој бренд ја претвора секојдневната грижа за домот во чисто задоволство: од душеците што нудат беспрекорен сон, преку меките и елегантни производи за спалната соба, до современите решенија за дневниот престој, трпезаријата и кујната. Секој производ е создаден со цел – да биде практичен, но и да внесе стил и хармонија во просторот.

И само еден краток поглед и низ најновиот салон на „Comodita home“ во Прилеп,  ќе ве убеди дека таму навистина има сè што ви е потребно – од производи за бањата и детската соба, до практични решенија за вашите патувања. Пред да тргнете на пат, не заборавајте да ги откриете најновите производи – внимателно дизајнирани, како што велат од брендот, „за да го заокружите елегантниот изглед на секој модерен патник.“

Во „Comodita home“, дизајнот секогаш е рамнотежа меѓу практичност и естетика – изработен од висококвалитетни материјали, во модерни бои и облици што совршено се вклопуваат во вашиот животен стил.