Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Празничната атмосфера започна уште во раните утрински часови. Црквата Свети Димитриј во Битола е преплавена со верници на Божикната богослужба.
Верниците по долгиот шестнеделен пост, денеска се причестуваат и го прославуваат празникот во кругот на своите семејства, споделувајќи ја радосната вест за раѓањето на Спасителот со поздравот „Христос се роди-Навистина се роди!“.


Во сите храмови на Македонската православна црква од изутринава се одржуваат божикни литургии.












