Денеска Советот на Општина Битола ја одржува 54 седница на која се повеќе од 30 точки на дневниот ред.
Одлука за потврдување на донесената одлука за недонесување на Годишниот план за вработување во општинската администрација на Општина Битола за 2025 година. Решение за потврдување на решението за недавање согласност на Годишниот план за вработување во ЈП Пазари Битола за 2025 година. Решение за потврдување на решението за недавање согласност на Годишниот план за вработување во ЈППЈЛП Битола за 2025 година.
Пред советниците денеска и информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС-ОН Битола во текот на првото полугодие од 2024 година.
Ќе расправаат и за програмата за екскурзии, излети и други вонучилишни активности на учениците од ООУ „Елпида Караманди“Битола за учебната 2024/2025 година.
На седницата и годишниот извештај за работата на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2023/2024 година, програмата за работа на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2024/2025 година.
Како и решенијата за давање согласност на Одлуката за добивање согласност со поголем и помал број на деца кои ќе бидат згрижени во воспитни групи за деца во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола, за давање согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола, за давање согласност на Одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во установата за деца во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола.
Решение за разрешување на член од Надзорниот одбор на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола, како и решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на Фондот за Наградата 4-ти Ноември.
Пред советниците и иницијатива за започнување на постапка за измена и дополнување на тарифата на авто такси превозот предложена од Здружението на лиценцирани такси превозници на град Битола.
Останатите точки се за урбанистичко-плански документации.












