Во Нов Зеланд, луѓето имале прекрасна идеја да им помогнат на своите заедници. Тие садат овошни дрвја на места кадешто секој може да ужива во нив, на тротоари и во парковите. Ова значи дека секој што поминува покрај нив може да бере свежо овошје кога сака, без да мора да плати за тоа. Во Битола – не е така.

Идејата да се садат овошни дрвја започнала од Велингтон, а веднаш потоа и Окланд. Преку своите политичари граѓаните ја прифатиле идејата на ваков начин да овозможат социјални и еколошки ефекти збогатени со урбани поени. Овошните дрвја се внимателно избрани и одржувани од локалните заедници, осигурувајќи се дека растат во добра состојба. Овој напор не само што обезбедува вкусни закуски за минувачите, туку и ги охрабрува соседите да поминуваат повеќе време на отворено. Семејствата можат да уживаат во забавен ден грижејќи се за дрвјата, а кадешто има повеќе посадени и заедно берејќи овошје и споделувајќи чувство на заедница. Во Велингтон направиле и мапа на градот од овошките снимени со дрон, а градоначалникот и советниците на Окланд направиле студија, програма и дури и саделе заедно. Го промовираа како прекрасен пример за тоа како малите промени можат да доведат до големи придобивки за сите во заедницата.

Така и ги дефинираат – овошни дрвја ориентирани кон заедницата засадени по улиците и во парковите за да обезбедат бесплатна, достапна храна. Клучни примери за овие дрвја вклучуваат културно значајни автохтони видови како што се Похутукава и Каури, заедно со разновидни овошни дрвја како што се јаболка, фејоа и цитруси, кои се промовираат преку иницијативи за „урбани овоштарници“ низ градови како Окленд и Велингтон.

Кај нас !

Вие ќе одговорите на прашањето што ќе се случи, што ние граѓаните би сториле со дрвјата што би се посадиле. Иако, во Битола има позитивен пример со липите кај Офицерски. А на истото место има и негативен пример – малубројни се тие што ги паметат големите елки пред офицерски.
А во прилогов само ќе потсетиме дека Македонија е аграрна земја и дека јаболкото е најзастапеното градинарско растение, со повеќе од 5.000 хектари засадени површини, најмногу во Преспа. Според Државниот завод за статистика, заклучно со 25.07.2025 Исплатени се 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка. Толку семејства живеат од јаболката.
Но, овие се култивирани. Дивите јаболка – киселици, дивите круши јабучари,дивите сливи -џанки, дренките , магарешката смоква – се се тоа овошја кои се сметаат за автохтони.
И во Битола некогаш имаше маслинка, а сеуште во планините има орев и лешник во диви форми.

Во рамките на проектот за „Зелен катастар“, во централното градско подрачје на Битола беа попишани над 24 000 дрвја и грмушки – а тоа е скоро 25% од вкупната површина на градот. Од пролетното мерење досега засадени се уште 1.500 садници, иако сеуште немаме конкретна мапа или податоци за состојбата. Градот расте, а големите дрвја можеби се стари. И за тоа има оскудни податоци, само примерот со моликата којашто годинава алармираше дека нешто треба да се направи.
Зошто воопшто да се размислува ?
Затоа што годинава во Македонија имаше австгралиски температури, и затоа што веќе има know how, и затоа што има знаење дека постоењето на дрвја го подобрува здравјето и благосостојбата на луѓето, ја намалува урбаната жештина, обезбедува сенка, го облагородува визуелно просторот, ја зголемува цената на имотот и со тоа и данокот, го редузира ризикот од поплава, го намалува трошокот за потрошена струја и во лето и во зима. Чисто еколошки.
Го подобрува квалитетот на воздухот, овој што го има во регионот со сите утврдени големи загадувачи кои ги имаме од 80те години на минатиот век.











