ТЕРА

REKLAMA???

ГРАЃАНИТЕ НА БИТОЛА ПРАШУВААТ И ЗА УРЕДЕНОСТА НА РЕКАТА ДРАГОР

Mедиумите и граѓаните често своите коментари ги насочуваат и кон коритото на реката Драгор. Нејзината чистота е дел од програмите на сите кандидати за градоначалници и советници. Беше дел и од реакциите на нашите сограѓани.

Нашиот сограѓанин напишал кратко и јасно „Да се исчисти реката“. И ова е една од реакциите којашто беше ставена во кутијата од иницијативата „Глас за градот на ТВ Тера – локални избори 2025.“

Коритата на реките треба да бидат урбани и чисти затоа што имаат истовремено еколошка, безбедносна, естетска и општествена улога – велат експертите од различните области.

Експертите од јавно здравје и хигиена сметаат дека реките во Македонија често стануваат нелегални депонии , а со тоа овозможуваат развој на инсекти, глодари, комарци, се шират непријатни мириси, а се заедно претставува потенцијална опасност за појава на болести.

Кога реките се чисти и уредени, тие стануваат дел од градскиот пејзаж, а не место што граѓаните го избегнуваат.
Многу градови во Европа (како Љубљана, Виена, Загреб) ги претворија урбаните речни корита во пешачки и рекреативни зони.

Состојбата на реката и коритото е дел од предизборните кампањи на годинешните кандидати, па оттука смо уште информацијата дека Драгор е река долга 25 километри, клучна за развојот на градот и битолската котлина во минатото и дека дел од коритото е изградено, а дел сеуште не. Снимките пак што ги гледате се од 5 октомври.