ТЕРА

REKLAMA???

ГРАЃАНИТЕ ОД КАЈ ПАРКЧЕТО „СТИВ НАУМОВ“ – ЧИСТЕЊЕТО НЕ Е ДОВОЛНО

Граѓаните кои живеат во околината на паркот „Стив Наумов“ недела го користат за собирање на семејството. Во неделата, немаше многу наши сограѓани кои зборуваа со екипата на тера телевизија во иницијативата „глас за градот“. неколкумина само посочија на околината, со констатацијата дека не е доволно само да се чисти.

Иако недела, иницијативата „Глас за градот “ во15.00 часот, според најавата објавена на социјалните мрежи, беше во местото околу Основното училиште Стивн Наумов и ближниот парк Стив Наумов.

 

Паркот заради детските играчки го нарекуваат детски. Преку улицата има уште едно парче паркче, тоа било зо повозрасните, тие кои навечер седат во друштво.

Детскиот парк е уреден, поплочан, има играчки кои се во добра состојба. Малкумина се движеа низ улиците. Македонската традиција налага недела да биде ден за семејни активности, заеднички ручек. Па немаше многу минувачи. Неколкумина на кои објаснувавме кои сме, зошто сме и што правиме – кога разбраа дека репортерските прилози сега ќе бидат директно поставени прашања до новата локална самоуправа, ни посочиуја да ја снимиме околината.

Неколку канти,  исполнети со смет – јавното претпријатие задолжено за нивно чистење има план и програма и секој ден различен градскио реон опфаќа со чистење на сметот и од домаќинствата и од јавните простори.

Но, голем дел од кантите се нефункционални или креативно функционални. Една се наоѓа на дрво. Не е хранилка за птици, ниту пак за други животни. Како некој од инает да сакал да ја зачува.

Сепак, шегата може да ја однесе сосотјбата на дел од поплочениот пат. Најголемата опасност е под нозете на минувачите.

Патеките се поплочени со коцки кои се искршени. Нестабилни. И на еден дел комплетно раскопани. Ај што се раскопани, туку и се расфрлани. Од уредната патека се претвориле во растурено парче на уредениот парк. Секое невнимание при пешачење , брзо одеење или трчање, може да предизвика повреда.

Иако недела во околината еден од жителите на шега, која секогаш може да биде вистина рече – некој ги спрема за нешто. Затоа што вели, секој ден рстуреното е пошироко, а коцките некој ги зема, една по една.

Алудираше на можност за кражба. А податокот дека во тој дел од градот не минуваат полицајци често – насочува кон реална можност, тој што започнал со раскопување на патеката наскоро да има своја сопствена поплочена патека некаде во својот двор.

Оттука и прашањата кои се наметнуваат кај граѓаните за локалната самоуправа од оваа локалција и тоа од основното  – дали е доволно да се чисти сметот? Колку чини санирањето на кантите за смет? Дури потоа доаѓаат прашањата дали треба по парковите да има посебна безбедносна служба од граѓани, или пак безбедносни камери?