Tимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“, од Битола го започна својот„Антикорупциски караван“. Целта на настанот е преку директна комуникација, тимот на програмата и претставниците на државните институции и граѓанските организации одблиску да се информираат граѓаните за значењето на борбата против корупцијата, да дискутираме за предизвиците како и да ги презентираме можностите за пријавување на случаи на корупција.
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, претседателката на антикорупциската комисија Татјана Димитровска, претседателката на ОЈО Битола Оливера Нечаковска, предводнкот на ОЈО Гонење на Организиран криминал и Корупција Ислам Абази, секретарот на Општина Битола Борче Димитриевски, вработени во овие институции денеска остварија директна среда со битолчани, а единствена тема на нивниот разговор очи-в-очи беше темата корупција. Македонскиот Центар за меѓународна соработка ( МЦМС) од Битола го започна својот „Антикорупциски караван“ – приближување на институциите и граѓаните, разгвоор за секојдневни прашања и пријавување на сомненија за коруптивни активности, како да се постапи во конкретни случаи, рече за медиумите Снежана Камиловска Трповска од МЦМС, координатор за програмата „Граѓаните против корупцијата“

„Целта на овој настане да помогнеме, да ги приближиме институциите, да ги симнеме на наекој начин на терен и на многу поедноставен начин граѓаните да имаат пристап до истите се со цел да се види дека е заедничка борбата против корупцијата , односно дека сите подеднакво треба да придонесеме. Секоја пријава треба да се сфати сериозно од страна на институцијата бидејќи позадината може секогаш да биде многу голема. А и знаете, многу е нецелисходно е да се вели дали е сериозна пријавата или не , затоа што секога малите проблеми за граѓаните се исклучително значајни исто како и големите, високите случаи на корупција. Оттука битно е да се разгледува секој еден предмет и да се зборува за секој еден предмет бидејќи во одреден момент може да биде асфалтот на улицата, другпат мможе да биде некој тендер со висока корупција, но сето тоа има подеднакво значење за џебот на граѓанинот. “- рече Трповска.

МЦМС во 2025 година ќе го објави Извештакот за проценка на корупција – согледана перцепција на граѓаните за вклученост во корупцијата , степенот на вклученост, а од друга страна колку биле и отпорни на корупција. Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации посочи дека граѓаните веќе ја препознаваат и посочуваат корупцијата како генератор на сите други проблеми во земјава.

„Јас секогаш тврдам дека силата е во граѓаните, во народот, затоа што првпат по осамостојувањето, лани на едно редовно истражување кој е најголемиот проблем со којшто се соочувате како граѓани во државата , првпат ја избраа корупцијата за број еден проблем. Беа немаштијата, кризата , безбедноста итн. првпат корупцијата излезе за проблем број еден и всушност тоа е добро затоа што е препознаен дека е генератор и на други проблеми – и тоа што не ни доаѓа Брза помош навреме и тоа што треба сами лекови да купиме и ред други работи кои сите ги знаеме и се соочуваме , на тоа се генератор е корупцијата.“ – вели Герман Филков , Центар за граѓански комуникации.

На прашањето каква е примената на Законот за укажувачи, Филков лоцира уште една точка од борбата против корупцијата на која треба да и се посвети прецизно внимание.
„ Тоа е уште еден од проблемите на кои треба да се работиме. Таканаречените свиркачи, укажувачи, секој различно ги вика, нашито закон вели укажувачи , сметам дека не се доволно заштитени и дека не завршуаат баш најдобро кога ќе пријават корупција и обесхрабрува некој да го направи тоа истото иако има канали за анонимно пријавување меѓутоа сепак постои тој ризик затоа што, на пример ние во земјава имаме примери на тие свиркачи и дека тие завршиле лошо сакам да кажам, и во светот има, и треба и тоа да се бориме да им обезбедиме што е можно поголема заштита. Има во законот заштита дадено меѓутоа во пракса треба да работиме сите, а ако има повеќе свиркачи мислам дека подобро ќе поминат, затоа што ако се ретки полесно е да се дознае ако е некој свиркач или не. Ако ги има почесто никој нема да се занимава со тоа кој е свиркачот, туку со тоа што го кажал.“

Борбата со корупцијата не е само работа на владата, таа влијае врз секого а заедно треба да ја елиминираме. Силен правен систем, независни институции се важни, но истовремено важно е и граѓаните да се дел од битката против корупцијата. Корупцијата води кога граѓаните молчат, а кога се зворува се формира култура на транспарентност и доверба, рече вицепремиерот Фетаи.
Сите претставници на институциите денеска зборуваа за нивната отвореност кон пријавите кои доаѓаат од граѓаните и сериозниот пристап што го имаат до оформување на предмет, со цврсти докази.

Татјана Димитровска, претседател на ДКСК рече „Борбата против корупцијата не зависи само од една институвција , тоа се систем на повеќе институции. Морам да истакнам дека максимално се вложуваат напори за постапување по сите предмети и процесуирање доколку има наводи за сторено кривично дело до јавното обвинителство Како институција имаме соработка којашто е на висок ниво , доставуваме иницијативи и истите се произнесуваат по нив. Е сега треба да бидеме свесни дека не секоа иницијатива ќе биде прифатена од јавното обвинителство. Негативна критика најверојатно се однесува на нашите очекувања кои ние сега како комисија ги имаме, дека сите наши иницијативи за кривично гонење се поткрепени со факти коишто имаат сомнежи за кривично гонење и како такви ги доставуваме до Јавно обвинителство меѓутоа сепак ќе кажам дека доттука е нашата надлежност, се друго во предистражана постапка се утврдува во јавното обвинителство. Сите ние сакаме да нашите иницијативи завршат утре и со позитивна судска одлука во однос на нашите пријави. “
Директорот на финансовата полиција посочи дека иницирал правење внатрешна контрола за да се надмине скоја можност од субјективно непостапување по пријави од вработените, битолската обвинителка дека борбата против корупцијата е заедничка работа на повеќе институции и успешна е кога ќе заврши и со судска одлука, битолсиот секретар дека соработуваат со сите институции, но дека граѓаните најмногу ги интересираат резултати, кои и за Битола се значајни во однос на нејзиниот развој.

Денеска во Битола на почетокот на овој караван што ќе прошета низ поголемите градови присуствуваше и Џери Дибел од македонската канцеларија на УСАИД.
„Американската влада ќе работи со овие инстутиции и ние ќе им овозможиме алатки за да се борат со корупвцијата – рече таа, додавајќи дека прошетале низ градот, виделе дел од нереализираните ветувања. Низ примерот на недовршениот затворен базен Дибел рече „Полуготовите проекти се нереализирани ветувања, завршуавњето на ветените проекти е задолжилтено кон создавањето држава без простор и место за корупција. “
















